Ларс Гунар Вигемарк, шеф на Мисијата на ЕУЛЕКС изјави дека бидат засилени патролите во околината на езерото Газиводе во сецерно Косово по вчерашниот инцидент.
Вигемарк истакна дека вчерашното пукање кај езерото Газиводе претставува уште еден напад на косовската полиција со огнено оружје и дека тоа е кривично дело.
„Пукањето кај езерото Газиводе е уште еден напад со огнено оружје против косовската полиција. Никој не е повреден, но овие напади не само што се опасни, тие се криминални дејствија и треба веднаш да се прекинат.
ЕУЛЕКС ќе ги зголеми своите патроли во областа“, изјави Вигемарк на Твитер.






