ЕУ згреши, па се поправи: Никола Тесла не е Хрват

Откако пред 4 дена на официјалната веб-страница на ЕУ во делот за Хрватска беше објавено дека Никола Тесла е славен хрватски научник, што предизвика бурна реакција во Србија, ЕУ се поправи и спорниот текст е – исфрлен.



Српското Министерство за култура изрази задоволство поради исправката, пред сè, имајќи предвид дека наведената содржина е интерактивна игра наменета за образование на младите.

„Се надеваме дека вакви и слични грешки нема да се повторат, со оглед на тоа дека не е првпат, во разни околности, но со исти мотиви, неточно да се прикажува националноста на познатиот светски научник“, порачуваат од Министерството.