Шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, на прес конференција со претседателот на Јужноафриканската Република Сирил Рамафосe и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека „францускиот јазик е с’е повеќе официјален јазик на ЕУ“.
Замолен од новинар да одговори на англиски, а не на француски, Јункер, поранешен претседател на Луксембург рече:
„Францускиот јазик, исто така е официјален јазик на Европската унија. С’е повеќе и повеќе“.
На забелешката на Туск дека тоа не е јазик и во Јужна Африка, Јункер брзо одговори:
„Но, Јужна Африка ќе мора да се прилагоди на новиот свет“.
Веднаш потоа тој ја напуштил прес конференцијата, а портпаролката на претседателот на Европската комисија за „Express.co.uk“ изјавила дека Јункер бил прехладен.




