Администрацијата на претседателот Џо Бајден усвои инвестициски план од околу 370 милијарди долари наречен Закон за намалување на инфлацијата (ИРА), кој обезбедува големи придобивки за американските производители.



Законот предвидува даночни олеснувања за купувачите на електрични автомобили доколку се произведени во САД, а субвенции би добиле и производителите на батерии за истиот автомобил. Според законот, кој го поттикнува пристапот „купи американски“, производителите на електрични автомобили имаат голема предност ако прават и купуваат делови за нивните производи во САД.

„Конкуренцијата е добра, ја поттикнува иновативноста, ја зајакнува ефикасноста и обезбедува напредок, а со тоа ги намалува цените во областа на чистите технологии…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави промени во правилата за државна помош со цел да се спречи бегството на инвеститорите во Соединетите држави, кои обезбедуваат големи отстапки за своите производители во областа на зелената транзиција.

„Постои опасност ИРА да доведе до нелојална конкуренција, до затворање на пазарите и да доведе до фрагментација на патиштата за снабдување кои веќе се ставени на тест за време на пандемијата“, рече Фон дер Лејен.

Претседателот на извршното тело на ЕУ нагласи дека ЕУ мора да усвои мерки кои ќе доведат до „балансирање“ и корекција на нарушувањата на пазарот предизвикани од огромните американски субвенции.

„Ние во Европа треба да ја завршиме нашата домашна задача и во исто време да работиме со САД за да ги ублажиме недостатоците на конкуренцијата. Гледам три главни начини да го направиме тоа. Прво, треба да ги прилагодиме нашите сопствени правила за да ги олесниме јавните инвестиции во транзицијата.

Таа рече дека ЕУ треба да ги поедностави и прилагоди своите строги правила за државната помош, така што владите на земјите-членки ќе бидат пофлексибилни кога ги одобруваат субвенциите.

Во исто време, таа предупреди дека ЕУ не треба да се потпира само на државните субвенции, бидејќи тоа ќе доведе до нерамноправна трка во субвенциите во самата Унија, каде што некои земји членки имаат голем фискален капацитет, а други, високо задолжени, имаат многу малку простор за маневрирање во нивните буџети за поттикнување на нивните бизниси.