ЕУ вели не сме ги започнале преговорите, Маричиќ дека „де факто и де јуре“ сме ги започнале

Европската унија јасно посчи дека ја започнала фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, а ги отвори пристапните преговори со Албанија, што е битна разлика, затоа што ова значи дека Македонија нема да ги почне преговорите се додека не го промени уставот и ги вметне бугарите во него. И покрај тоа вицепремиерот Бојан Маричиќ инсистира дека ние де факто и де јуре сме ги започнале преговорите со Брисел.



– Ги започнавме преговорите онака како што ветивме со заштитен македонски јазик и идентитет. Се е направено пред се заради нас, за нашите граѓани и за нашите деца да живеат подобро и да живеат како сите останати европски народи, порача денеска Маричиќ.

– Де јуре и де факто, процесот започна пред два дена на 19 јули кога ја одржавме првата меѓувладина конференција која ја означува последната етапа од нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, рече Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека тоа е наша стратешка определба од осамостојувањето на државата која станува реалност по 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и 17 години откако го добивме статусот кандидат за членство во ЕУ.