Самитот ЕУ-Западен Балкан не донесе конкретен рок за влез на земјите од регионот во ЕУ, иако домаќинот Словенија ја предложи 2030 година, па како утеха за шесте земји од Западен Балкан, ЕУ претстави Економски и инвестициски план (ЕИП) со кој се предвидуваат 30 милијарди евра помош во наредните седум години.



За споредба, Бугарија ќе добие 29 милијарди евра од новиот инструмент на ЕУ за закрепнување од коронакризата и долгорочниот буџет на ЕУ во следните 7 години, Дополнително, според политиката за кохезија на ЕУ, Бугарија во наредните седум години ќе добие уште 9 милијарди евра. Тие пари посиромашните земји на ЕУ треба да ги користат за да се намали економската нерамномерност со побогатите членки и земјите-основачи на Унијата. За сервисирањето на долгот на Бугарија гарант ќе биде целата Европска унија. СакамДаКажам