Европските сојузници на Украина стравуваат дека воената поддршка за нејзината борба против Русија се приближува до својот врв, пишува „Фајненшл тајмс“.



Високите европски претставници се сè позагрижени за протокот на помош следната година, бидејќи САД влегуваат во кампањата за претседателските избори која м,оже да доведе до поделби.

Борел бара уште 3,5 милијарди евра воена помош за Украина

Вашингтон е главниот извор на оружје за Украина.

Американските власти велат дека остануваат доволно однапред одобрени средства за помагање на Киев уште околу пет месеци за да се покрие решителната контраофанзива планирана за следните недели.

Но, европските сојузници се сè понеизвесни дали САД ќе го испорачаат пакетот помош од 48 милијарди долари, донесен во 2022 година, особено затоа што им треба гласање во Конгресот оваа есен, во услови на попартизирана дебата за војната.

„Никој не знае“, призна европски функционер од еден од сојузниците на Украина. „Не можеме да го одржуваме истото ниво на помош на неодредено време. Според неговите зборови, сегашното ниво на поддршка може да се задржи една година или евентуално две, но не повеќе.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој војната во Украина ја опиша како стратешки пораз за Русија, не покажа знаци дека има намера да ја намали поддршката.

Сепак, тој се подготвува за реизборна кампања против Доналд Трамп, неговиот најверојатен противкандидат од Републиканската партија во трката во 2024 година, и отворен критичар на неограничената американска поддршка за војната во Украина…