Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави воведување на нова ознака на епидемиолошката карта на Европа – темно црвената зона.
Патниците од овие зони треба да бидат тестирани пред да заминат, а по пристигнувањето на дестинацијата – да одат во карантин.
„Темно црвената боја ќе означува области каде циркулацијата на вирусот е на исклучително високо ниво“, рече фон дер Лајен по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, кој беше посветен на координирање на мерките за борба против пандемијата на коронавирусите..
Како пример, таа го наведе случајот дека во една земја-членка на ЕУ, границите биле затворени во пограничната област и биле отворени во соседната област со иста епидемиолошка состојба.
„Во тој случај, сите од првата земја би отишле да купат во втората и со тоа да придонесат за ширење на вирусот“, рече таа.
Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел рече дека лидерите на земјите-членки се согласуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за ограничување на патувањата кои не се неопходни, но дека границите мора да останат отворени за нормално функционирање на единствениот пазар.





