ЕУ со 1,2 милијарди евра ќе го поддржи „Малиот Шенген“

По средбата на лидерите од Западен Балкан во Тирама, премиерот Еди Рама изјави дека Европската комисија е подготвена да одвои 1,2 милијарди евра следната година на земјите од регионот за спроведување на договорените постигнати според т.н. на „Малиот Шенген“.



„Овие не се заеми, туку грантови“, рече Рама на заедничката прес-конференција по состанокот.

Средбата на лидерите на Западен Балкан во Тирана заврши и, како и претходната во Охрид, беше во знакот на „малиот Шенген“.
На состанокот присуствуваа албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.