Договорот ќе им овозможи на САД да ѝ обезбедат на ЕУ најмалку 15 милијарди кубни метри теќен гас (ЛНГ), Јави Би-Би-Си.



Договорот е обид да ја намалат зависноста на Европа од руската енергија.

Блокот веќе соопшти дека ќе ја намали употребата на руски гас како одговор на инвазијата на Москва на Украина.

Тоа ќе значи зголемување на увозот и производство на повеќе обновливи извори на енергија.

За тоа пишуваше и „Фајненшл тајмс“, кој вели дека договорот има за цел да и помогне на ЕУ да ја намали зависноста од природниот гас од Русија.