„Кога воведуваме санкции, тоа мора да го правиме на начин што ќе го максимизираме притисокот врз Русија, а истовремено ќе ја минимизираме колатералната штета за нас самите“ . изјави извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис, пренесува Тајмс.
„Работиме на шестиот пакет санкции, а едно од прашањата што го разгледуваме е некаква форма на ембарго на нафта“ изјави Домбровскис.
Според него точните деталисè уште не се договорени, но може да вклучуваат постепено укинување на руската нафта или воведување царини за извоз над одредена ценовна граница.
Русија е најголемиот снабдувач на нафта во Европа, со 26% од нејзиниот увоз во 2020 година.
Европа добива приближно една третина од својата бруто достапна енергија од нафта и нафтени деривати, кои се клучни за многу сектори, од транспорт до хемикалии.
Украина и некои земји од ЕУ, вклучувајќи ги Полска и Литванија, се залагаат за целосна забрана на увозот на руска нафта и гас, додека Германија и Унгарија се противат на итно ембарго на нафта.







