ЕУ останува затворена за македонските граѓани!

Според најновата нацрт листа на ЕУ, објавена од „Еуроњуз“ – само граѓаните на 15 држави ќе можат слободно да патуваат во европските земји, но граѓаните на Македонија не се меѓу нив.



Причина е лошата епидемиолошка состојба со Ковид-19 во земјава.

Од земјите од Балканот на листата се само Србија и Црна Гора.

Во земјите на Европската унија ќе можат да влегуваат и граѓани на Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Грција, ги отвора сите аеродроми за патници од странство, како и седум копнени гранични премини, меѓу кои и Евзони на македонско-грчката граница, но до утре ќе се знае дали ќе ја отвори границата и за Македонците.

Македонските граѓани без тест и карантин засега може да патуваат само во Србија, Албанија, Косово и Турција, додека при влез во Бугарија, Хрватска и Црна Гора но со обавезен 14 дневан карантин.

Македонија во меѓувреме ги отвори границите за сите странски државјани коии можат да влезат без тест и без задолжителна самоизолација.