Росен Плевнелиев, претседател на Бугарија 2012 – 2017 година, вели дека Слави Трифонов е стандарден популист и дека неговиот пристап е недемократски.
Поранешниот шоумен и ТВ водител, а сега лидер на партијата „Има таков народ“ и официјално е победник на предвремените избори одржѓани во неделата во Бугарија, а Трифонов уште пред два дена изјави дека сам ќе состави влада, без коалиции па дури и на Фејсбук го соопшти составот на идниот кабинет.
Плевнелиев смета дека партнерите на Бугарија во Европа никогаш нема да го сфатат популистот сериозно и додаде дека Трифонов ја наметнува својата волја, и покрај тоа тоа што народот дури и не му даде моќ.
Според неговите зборови, изборот на „Има таков народ“ е инженеринг и обвини дека партијата е тесно поврзана и зависи од ДПС на Ахмет Доган.
„Нема логична причина популистички водач како Трифонов, кој не кажал ниту една реченица, туку комуницира со народот преку Фејсбук, без да го гледа во очи, да биде прва политичка сила.
Ова е затоа што за него се гласа по системот на обиди и грешки, вели Плевнелиев.
„Ние постојано бараме некои месии, што ја уништува демократијата“, оценува поранешниот претседател.







