Предлогот на Европската унија за воведување на целосно ембарго на руската нафата, не помина откако Унгарија, Словачка и Чешка не ги поддржаа новите санкции, сообразложение дека негативно ќе се одразат на нивните економии.



ЕК даде нов предлог Унгарија и Словачка да може да купуваат руска нафта до крајот на 2024 година, додека пак на Чешка ќе и биде дозволено до јуни 2024 година доколку порано не започне да добива нафта преку гасовод од јужна Европа.

Но, немаше одговор на барањето од Софија која исто така бара одложување во период од две години.

Петседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го повика 27-члениот блок да го забрани увозот на сурова нафта од Русија во шестиот пакет санкции кој треба да стапи на сила шест месеци по усвојувањето на мерките.

Украинскиот претседател Зеленски ја повика Европската унија да се погрижи сите земји во блокот да се согласат да ја намалат нивната зависност од руската енергија и да не прави исклучоци за поединечни земји.

„Не си играјте. Ако сфаќате дека не можете без оваа енергија, тогаш кажете дека ќе можете без неа за два месеци, и постигнете договор. Не правете исклучоци за поединечни земји, дејствувајте заедно. Ова е суштината на обединета ЕУ, ова е суштината на фразата „Европска унија“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.