ЕУ му дала на Путин 35 милијарди евра од почетокот на војната во Украина

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, вели дека ЕУ му дала на Владимир Путин 35 милијарди евра за енергетски плаќања од почетокот на војната, во споредба со 1 милијарда евра дадени на Украина за оружје и опрема.



Оваа вест за нивото на парите кои ЕУ ги платила во последниве четириесетина дена за руски гас и нафта денеска ја пренесува дописничката на британскиот весник Гардијан од седиштето на ЕУ во Брисел.

Дописничката на Гардијан Џенифер Ранкин предходно пренесе изјава на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за санкциите за Русија:

„Порано или подоцна ќе бидат потребни мерки за нафта или дури и гас“.

Тој, исто така, вели дека идејата да им се понуди азил на руските војници кои ќе го остават своето оружје во ЕУ е „вредна идеја што треба да се продолжи“.

Предходно повеќе западни медиуми јавија дека Русија годинава и покрај санкциите ќе заработи над 320 милијарди евра од продажба на гас и нафта и ќе има стотина милијарди евра суфицит.