Европската комисија ќе го искористи своето право да набави дополнителни 36,7 милиони дози на единечна доза вакцина за коронавирус развиена од Џонсон и Џонсон, изјави денеска портпаролот на компанијата.
„Дискусиите се во тек за понатамошните дози“, рече портпаролот, цитиран од „Политико“.
Комисијата за прв пат купи 200 милиони дози на вакцина во октомври 2020 година, а договори дополнитлни 200 милиони повеќе дози.
Данска, Норвешка и Исланд во март престанаа да ја користат вакцината на АстраЗенека поради „претпазливост“ откако се појавија извештаи за згрутчување на крвта, а во врска со тоа се доведува и смртта на 60-годишна жена. Данска најави двонеделна суспензија по голем број извештаи дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Исланд и Норвешка го следеа примерот, но не кажаа колку ќе траат нивните суспензии. Данскиот министер за здравство, Магнус Хеунике, јасно стави до знаење дека станува збор за „мерка на претпазливост“, велејќи дека сè уште не е можно да се извлечат заклучоци, јави Дојче веле.
Данската Влада намени еден милион дози вакцини (по 250.000 дози) како донација за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и за Македонија.
Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучиле да ја поделат порачаната количина вакцини „Астра Зенека“ со земјите на кои им е потребна.







