ЕУ ќе прифати уште 40.000 Авганистанци

Петнаесет земји-членки на Европската унија ќе прифатат 40.000 Авганистанци, пренесува АФП. Најголем број ќе прими Германија – 25.000. Во Холандија ќе живеат 3.159 Авганистанци, во Шпанија и Франција 2.500, а во другите земји помалку.



Претходно, Високиот комесаријат за бегалци на ОН ја повика ЕУ да прифати 42.500 Авганистанци за пет години, но некои од 27-те земји-членки се спротивставија.

Европската унија веќе засолнила 28.000 Авганистанци, а околу 85.000 ја напуштиле својата татковина и влегле во земјитеблиски до ЕУ.

Преземањето на Кабул од страна на талибанците, во комбинација со големата суша, се очекува да доведе до нови бранови на мигранти.