Европската комисија (ЕК) соопшти дека тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за Газа, по критиките за нејзиниот одговор на ситуацијата таму.
За одлуката информираше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која, исто така, соопшти дека разговарала со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.
„Комисијата веднаш ќе ја зголеми хуманитарна помош предвидена за Газа за 50 милиони евра. Со тоа вкупната сума ќе достигне над 75 милиони евра. Ќе ја продолжиме нашата тесна соработка со ОН и нивните агенции за да се осигураме дека оваа помош ќе стигне до оние на кои им е потребна во Појасот Газа“, се наведува во соопштението.
„Работиме напорно за да обезбедиме поддршка на невините цивили во Газа во овој контекст“, вели претседателката на ЕК.







