Европската унија ќе формира инвестициски фонд за борба против коронавирусот од приближно 25 милијарди евра, најави шефицатѕа на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, по видео конференцијата со лидерите на земјите-членки.



Фондот треба да обезбеди поддршка за здравствените системи, малите и средни претпријатија, пазарот на трудот и другите ранливи сегменти на европската економија. Се очекува 25-те милијарди евра брзо да бидат собрани за цел на земјите-членки.

Истовремено, претседателот на Европскиот совет. Чарлс Мишел рече дека состанокот на лидерите на државите членки ќе се одржи на 26 и 27 март и нема да биде одложен заради коронавирусот, прренесо агенции.