ЕУ ќе издвои 14,2 милијарди евра за земјите-кандидатки

Советот на Европската унија одлучи да издвои сума од речиси 14,2 милијарди евра во рамките на претпристапните фондови за периодот 2021-2027 година.



Овие средства ќе бидат наменети за Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција, се вели во официјалното соопштение на веб-сајтот на Советот.

Целта е да им помогне на земјите-кандидати во спроведувањето на реформите во различни области, како што се судството, административните услуги, економијата и социјалната заштита.

Распределбата на средствата ќе биде постепено, земајќи го предвид постигнатиот напредок и споделувањето заеднички вредности.