ЕУ избра страна во конфликтот во Израел, Брисел блокира огромни фондови

Нецели два дена по упадот на милитантите на Хамас кои убија стотици цивили и војници Европската унија донесе одлука да ги казни сите Палестинци и да ја укине сета помош за луѓето во Газа.



,,Размерите на теророт и бруталноста против Израел и неговиот народ е пресвртна точка.
Не може да има работа како и обично.
Како најголем донатор на Палестинците, Европската комисија го разгледува своето целосно развојно портфолио, во вкупна вредност од 691 милион евра”, објави пред малку еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.

Вархеи најави четири чекори за запирање на помошта за Палестина:

•Сите плаќања веднаш суспендирани.
•Сите проекти ставени под ревизија.
•Сите нови буџетски предлози, вкл. за 2023 година одложено до понатамошно известување.
•Сеопфатна проценка на целото портфолио.

,,Сега мора да се решат темелите за мир, толеранција и соживот.
Поттикнувањето на омраза, насилството и глорификацијата на теророт ги отру умовите на премногу.
Ни треба акција и ни треба сега”, напиша Вархеи вомиме на ЕУ.