Русија во поголем и Кина во помал обем биле инволвирани во ширење на лажни вести и терории на завера низ светот за коронавирусот се вели во извештајот на Одделот за стратегиски комуникации и анализа на информации кој е дел од Европскиот сервис за надворешна акција (EEAS).
Во периодот од 2 до 22 април кога е правен извештајот било потврдено дека проруски извори и руските медиуми вршеле координирана кампања со цел да ја поткопа ЕУ и реакцијата за кризата со коронавирусот со цел да предизвика конфузија за потеклото и импликациите од Ковид19, се вели во извештајот, пренесуваат европски медиуми кои ја следат работата на Европските институции од аспект на интеграцијата на Западниот Балкан.
Според извештајот извори контролирани од руската и кинеската држава целеле на публиката во ЕУ, земјите од Источното партнерство, Западниот Балкан, Блискиот исток и Северна Африка.
На овој начин Москва и Пекинг се обидувале да ја прикажат ЕУ како неефикасна, поделена и цинична во реакцијата за Ковид 19 а целта им била пандемијата да ја прикажат како слабост на демократските системи да реагаираат во кризата.
„Дезинформациите поддржани од Кремљ за Ковид 19 продолжуваат да се шират на социјалните мрежи дури и ако се спротивни на препораките на СЗО и правилата на социјалните мрежи. Исто така постојат докази за координиран напор на кинески извори да се пренасочи секоја вина кај нив со објави на инфомрации и вести за испораката на билатерална помош. Притоа во анкетите на јавното мислење се покажува дека Кина во некои земји се доживува како поголем помагател во битакта со Ковид 19 од ЕУ“, се вели во извештајот.
Во врска со Западниот Балкан извештајот открива дека ваков вид на известување постои во Србија и Босна и Херцеговина каде што постои силен проруски и прокинески наратив, пренесува Europeanwesternbalkans.com.
Во извештајот на порталот не се споменува дека Руско или Кинеско влијание е забележано во Македонија но се наведува дека ваквиот негативен наратив за ЕУ ќе продолжи во регионот на Западниот Балкан каде што позитивното покривање на Европската помош направило контрабаланс на негативниот наратив за ЕУ во регионот во врска со кризата.
Во извештајот на StratCom, телото за борба против лажните вести на EEAS, се вели дека конспиративните теории поддржани од Русија и Кина нашле плодна почва во Западниот Балкан каде што дезинформациите дека 5Г мрежата е причинител за епидемијата се шират преку социјалните мражи и порталите.
Фото: RFLE




