Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ ги уништи позициите на премиерот Ковачевски, вицепремиерот Груби и амбасадорката на САД Анџела Агелер за проектот Бехтел и Енка.
Во извештајот Европската комисија наведува неколку оценки кои се срамни за владата, содржат сериозни индиции за криминал и корупција и носат ризик за финансии крах на Македонија.
За експертите на Европската комисија прескапиот проект вреден најмалку 1,3 милијарди евра е доделен на американско – турскиот конзорциумот без јавна набавка што е во директна спротивставеност со правила на ЕУ и пазарната економија.
За ЕУ е проблематично и тоа што при усвојување на проектот во Собранието тој е донесен со злоупотреба на ЕУ знаменце.
Брисел нема дилема дека проектот е спротивен на меѓународни обврски и правна рамка што е посебен срам за Македонија.
Во делот на финансиските последоци според ЕУ Бехтел и Енка ги зголемува ризиците од негативен развој во фискалната консолидација.








