Европската комисија ќе ги даде Бугарија и Герција на Европскиот суд на правдата откако двете држави со години ги прекршуваат ограничувањата за аерозагадувањето и покрај повеќекратните предупредувања.
Бугарија се товари за кршење на лимитите одредени од ЕУ од 2015 до 2019 година, откако Судот ја обврза земјата да се справи со проблемот до 2017 година, за што источниот македонски сосед се соочува со парична казна.
Бугарија е еден од најголемите прекршители во ЕУ во однос на нивото на ПМ-честички и на годишно, и на дневно ниво, а Грција ги надминала дозволените нивоа во Солун во сите освен една година по 2005.
Загадениот воздуг е најголемиот здравствен ризик во Европа поврзан со човечката средина. ПМ-честичките беа одговорни за 379.000 предвремено згаснати животи во Унијата во 2018 година, иако нивното количество беше помало за 13 проценти во однос на 2009, соопшти Европската агенција за животна средина.





