По повеќедневната, маратонска сесија, постигнат е план за опоравување на ЕУ по коерона-кризата и за заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година.



Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вели дека „тешките преговори во тешки времиња“ завршија добро за сите 27 членки на ЕУ и за народот на Европа.

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека „ЕУ е способна да дејствува заедно, дури и во период на најголема криза, како и дека е подготвена да примени нови решенија во необични околности“.

„Тоа е важен сигнал што го испраќаме надвор од границите на ЕУ, дека земјите членки, иако секоја засегната на поинаков начин, се способни да преземат акција“, рече Меркел, пренесува Ројтерс.

Меркел рече дека на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.