Германија, Франција, Италија и Холандија потпишаа договор со фармацевтската група Astra Seneca со кој се обезбедува испорака 300 милиони дози можна вакцина против коронавирус за земјите од ЕУ, објави германската влада.
Вакцината може да биде готова до крајот на годината, изјавија извори од германските владини агенции за АФП.
Дозите „ќе бидат дистрибуирани до сите земји-членки што сакаат да учествуваат, во зависност од бројноста на нивната популација“, велат од министерството.
„За да може вакцините да бидат достапни во голем број многу брзо по нивното одобрување оваа година или следната година, капацитетот на производство мора да биде загарантиран со договор сега“, се вели во соопштението.
Според Светската банка, ЕУ има население од околу 447 милиони.




