ЕУ да реагира, Софија да се извини: Македонските Евреи згрозени од бугарското славење фашист

Еврејската зедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист
и близок соработник со нацистите, се вели во соопштението до медиумите од заедничкото соопштение.



Еврејската заедница оценува дека овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, како и кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа.

Македонските наследници на преживеаните од холокаустот велат дека нема да ги премолчуваат ваквите
појави.

Тие упатуваат неколку свои барања до македонските власти, официјална Софија, ЕУ и Европскиот Парламент:

– Во Собранието да се донесат измените на кривичниот закон, иницирани од Еврејската
заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба
на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон;

– Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на
нацистите;

– Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од
нивните претходници за време на Втората светска војна;

– Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Р.
Бугарија.