ЕУ бара 10 милиони „АстраЗенека“ вакцини од Индија

Европската унија побара дозвола од Индија да купи 10 милиони дози вакцини на Астра Зенека од од Индискиот серумски институт, изјави претставник на индиската влада.



„Амбасадорот на Европската унија напиша писмо во кое вели: Ве молам дајте ни одобренија за извоз“, рече неименуван индиски официјален претставник, додавајќи дека писмото е испратено пред околу две недели, пренесува Ројтерс.

ЕУ бара вакцини од Институтот за серум, инаку најголем производител на вакцини во светот, да го надополни недостигот на снабдување од погоните во АстраЗенека во Европа и да го забрза процесот на вакцинација во Европската унија.

„Брзо одобрување на барањата на ЕУ е малку веројатно, бидејќи Индија работи на зголемување на домашната вакцинација“, изјавил владин претставник.

Велика Британија исто така врши притисок врз Индија да извезува и на другата половина од 10 милиони дози што ги нарачала од тој институт, рече истиот извор.