Главна медиумска тема за земјоделството во последните неколку дена во Хрватска е – мотиката.
Земјоделците ја обвинуваат државата дека практично ја забранува, државата се правда дека не ја забранува, но не дава стимулации за тоа …
Хрватската федерација на органски производители (ХСЕП) го обвини Министерството за земјоделство дека забрани за употреба на мотики согласно мерката „Механичка контрола на плевелот кај повеќегодишните култури“, која е дел од стратешкиот план на Република Хрватска според Заедничката Земјоделска политика (ЗЗП) на Европската унија.
„Бизарно, смешно или тажно, во зависност од тоа како сакате да гледате на проблемот, но во 21 век, век на дигитализација на земјоделското производство, рекордни приноси во историјата и иновативни методи на производство, во Хрватска се зборува за мотика“, пишува Индекс.хр.
Револтот на фармерите произлезе од фактот што тие не можат да добијат субвенција од 373,33 евра по хектар ако употребуваат мотики во земјоделското производство, туку мораат да купат приклучоци за трактор или да платат некому да им ја ора земјата со трактор…






