Етницитет во лична карта, Албанците Албанци, Македонците – граѓани или Северномакедонци?

Четворицата пратеници на партијата БЕСА, кои се дел од владејачката коалција на СДСМ предлагаат образецот за личните карти на граѓаните на земјава да се дополни и со податоци за етничка припадност, објавува порталот фактор.мк.



Според порталот тие до Собранието поднеле и предлог законски измени на Законот за лична карта, со кои би се вовела и графата за етничка припадност на граѓаните, што досега не беше случај со овој документ за идентификација.

На овие предлог законски измени се потпишани Бастри Бајрами, Кастриот Реџепи, Фадил Зендели и партискиот шеф Билал Касами.

За тоа дали за овие предлог законски измени ќе гласаат и пратениците од СДСМ, што е неопходно за тие да бидат донесени и графата етничка припадност да стане реалност во личните карти, Фактор разговараше со извори од најголемата владејачка партија.

Оттаму велат дека внесувањето на етничката припадност во образецот за лична карта не е проблем, и дека тоа како намера било договорено и ставено во соопштение од една владина седница уште пред две и пол години, односно пред да биде донесен Преспанскиот договор. Тоа било договорено и со партијата Беса во предизборната коалиција.

Но, проблем може да излезе една друга работа, велат за Фактор изворите од владејачката СДСМ. Токму за неа течат консултации и со нашите странски партнери од Европската унија, но во моментов тоа е забавено поради фактот што претставниците на Меѓународната заедница сега се заминати во своите матични држави, поради прославата на католичкиот Божик, па ќе се чека на нивното враќање за да се направат последните консултации.

„Проблемот може да настане во тоа што во патните испави не треба да стои етничката припадност, а како што е познато, со неколку држави ние како земја имаме склучено договор и личната карта може исто така да се користи како патна исправа, како што се Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, односно во тие држави да може да се патува и со лична карта. Сега сакаме таков договор да склучиме и со Грција, но стравуваме да не излезе некој правен проблем околу тоа. Затоа и сакаме да се консултираме со нашите странски партнери, но тоа ќе го оставиме за по празниците. Затоа и ќе почекаме, да не направиме заради избрзување некој пропуст. Инаку, реално нема проблем да стои во образецот за лична карта етничката припадност“, велат изворите на порталот од СДСМ.

Доколку помине овој предлог кој е спротивен на стандардите на ЕУ за патни документи прашање е како ќе бидат Македонците заведени во личната карта затоа што Macedonian (Македонец) нема да биде прифатено од страна на Грција а најверојатно ниту од Бугарија што значи дека нема да биде проблем да се пишува за Албанци како етничка припадност а за Макеонците ќе треба да се бараат варијанти како граѓани на РМ или можеби варијанта на Северномакедонци.

Целата информација на фактор.мк

Од лисици на рацете до фактор во владата

Советникот на Груби бил уапсен по демолирање кафуле за македонска песна (ВИДЕО)