Етиопските власти планираат да регрутираата половина милион жени на возраст меѓу 18 и 40 години за да бидат испратени во Саудиска Арабија да работат како куќни помошнички.



Од 1980-тите, Етиопјаните одат во Саудиска Арабија, Либан и Кувајт во потрага по работна сила, главно договорена од локални етиопски агенции за вработување или трговци со луѓе.

Овој пат, владата на Етиопија го надгледува целиот процес, вклучувајќи регрутирање и рекламирање.

„Поради силните дипломатски врски на нашата земја со Саудиска Арабија, достапна е можност за работа за 500.000 жени од Етиопија, вклучително и 150.000 од регионот Амхара“, рече во официјална изјава Цехаје Богале, офицер за комуникации во регионалната администрација на Етиопија, Амхара.

Според програмата, жените ќе бидат транспортирани со летови што ги плаќа владата.

Во Саудиска Арабија, работниците мигранти можат да заработуваат 1.000 ријали месечно (околу 266 американски долари), повеќе од повеќето работни места што се нудат во Етиопија.

Федералните власти ја поздравуваат програмата како потфат за спасување животи, нагласувајќи ги опасностите со кои се соочуваат Етиопјаните на патувања по мигрантските коридори низ Јемен и Џибути.

„Етиопските и сомалиските мигранти на пат кон Саудиска Арабија може да бидат убиени или да загинат во сообраќајни несреќи во Јемен и брзо да бидат закопани без никаква истрага“ вели Сагал Абас, активист и хуманитарен работник(Ал џезира)