Гевгеличанец, кој зел кредит за да отвори ресторан мора да го затвори бизнисот кој носел скромен приход за негово и преживување на вработените.
На угостителот финансиска полиција и му одредила 7000 евра казна, со забрана за работа поради 4 гости кои му покажале лажен ковид сертификат за кои тој нема начин да ја провери валидноста.
,,Плаче на глас, од мака, пред сите свои!
Читам по социјалните мрежи, од луѓе што го знаат и доволно познаваат, дека бил еснаф човек. Почитуван сограѓанин кој вработил и обучувал млади луѓе, на кои и во време на корона им делел пристојна плата.
Јас, лично не го познавам! Но, батето е за поддршка во обесправеноста пред системот!”, пишува негов познаник кој објавува и видео од јавното обраќање на уништениот Гевгеличанец.
Линкови до видеото на кое сопственикот објавува што се случило
Гевгеличанец, еснаф, зел кредит за да отвори ресторан. Вработил луѓе, делел плата. Му се паркира финансиска полиција, му маваат 7000(!) евра казна и забрана за работа поради 4 гости кои покажале лажен ковид сертификат.Човекот, виден граѓанин е буквално скршен.Да ти ебам системот pic.twitter.com/CtFUmdYo7L
— Кичевчанецот🇲🇰 (@zoreski) February 12, 2022
https://www.facebook.com/atanasov.aleksandar.3/videos/973165973629389/
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10221105051599870&id=1351330830




