ЕСМ во загуба од 6,2 милиони евра, М-НАВ со профит од 3,7 – еве како работеле државните фирми

Државниот производител на струја, АД Електрани на Северна Македонија, во третиот квартал од минатата година влегол во прилично голема загуба од 6,2 милиони евра.



Ова го покажуваат најновите податоци кои ги објави Министерството за финансии, а кои се однесуваат за третиот квартал од 2023 година, односно за периодот јули, август и септември.

Тоа се последни бројки кои се однесуваат на успешноста на работењето на државниот сектор, односно на акционерските друштва во државна сопственост, како и на јавните претпријатија, а кои за секој квартал ги објавува Министерството за финансии.

Како се случило во тој топол летен период АД ЕСМ да влезе во толку голем минус во работењето не е познато.

Она што е факт е дека во првите два квартала од годинава оваа државна компанија за пчроизвбодство на електгрична енергија работела позитивно, односно имала добивки во работењето, иако тие биле далеку пониски од загубата која го означува третиот квартал.

Односно, во првото тримесечје добивката изнесувала 847 илјади евра, додека, пак, во вториот квартал оваа државна компанија прокнижила позитива од 733 илјади евра. Но, тој заеднички позитивен резултат од околу 1,6 милиони евра за целото прво полугодие е сосема мнедоволем за да се покрие загубата остварена само во третиот квартал од дури 6,2 милиони евра.

Или, за првите три квартали вкупно државната ЕСМ е во загуба од дури 4,6 милиони евра, што значи дека ако не се случило некое чудо во четвртиот квартал на страната на приходите или расходите, односно ако во тој квартал (за кој сеуште нема податоци) не се регистрира добивка и тоа повисока од 4,6 милиони евра, АД ЕСМ ќе ја заврши минатата година во зоната на негативата, и ќе може да биде прогласен за еден од државните загубари во земјава.

Ако се гледаат податоците за третиот квартал што ги објавува Министерството за финансии, може да се види дека со минус од 6,2 милиони евра всушност АД ЕСМ е најголемиот загубар за третото тримесечје од категоријата на државни АД и јавни претпријатија.

Целиот текст прочитајте го тука.