Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски предупреди дека драстично се намалени приходите на државните енергетски компании во однос на изминатите години.
„Тоа е од причина што нема продажба на вишокот на електрична енергија од страна на Електрани на Македонија. Ако минатата година тие изнесуваа 22 милиони евра, сега имаат само една продажба која изнесува пет милиони евра што прави сериозен притисок врз нормалното функционирање на ЕСМ.
Исто така и дополнителните приходи што ги остваруваше МЕПСО од прекуграничните преносни капацитети кои во 2019 година изнесуваа околу 22 милиони евра, оваа година изнесуваат само околу 11 милиони евра.
Заради намалената потрошувачка во регионот, овие приходи и во ЕСМ и во МЕПСО за жал, ги немаме во овој период.
Првиот човек на Регулаторна сепак не навести дали загубите ќе бидат компензирании преку зголемување на цената на електричната енерија што ја плаќаат граѓаните.




