САД не бараат од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи премиерот Ковачевски, туку евроатлантскиот пат на државата , вели заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Гласот на америка.
„Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Македонија“ . Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на *Македонија“, изјави Ескобар.
Габриел вели дека она што би сакал да го слушне од опозицијата е посветеноста на патот на евроатлантските интеграции.
„И тоа вклучува разгледување начини како Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од *Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на * Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее“, порача Ескобар.







