Специјалниот пратеник на американската администрација за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека се уште не добил одговор од косовските власти на препораката на САД, ЕУ и земјите од таканаречената Квинта – меѓу кои, покрај САД се и Италија, Германија, Британија и Франција – да го продолжат периодот на пререгистрација на возилата на српските државјани со косовски регистарски таблички за десет месеци, изјави Ескобар во интервју за Гласот на Америка.
Курти се заканил? Вучиќ го свика Советот за национална безбедност
Ескобар рече и дека ставот на САД е дека Косово мора да стане дел од Европската унија и мора да се интегрира во евроатлантските структури.
„За да се случи тоа, очекуваме пет земји (Шпанија, Грција, Кипар, Романија, Словачка) да ја признаат независноста на Косово.






