Премиерот Димитар Ковачевски, министерот Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ синоќа беа домаќини на работна вечера со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со американската амбасадорка, Анџела Агелер.
Не е познато каде се одржала вечерата, но на социјалните мрежи беа споделени фотографи.
Ескобар, кој е во дводневна посета на Македонија, денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.
Ескобар вчера беше примен од претседателот Стево Пендаровски, и на средбата, како што информираше претседателскиот Кабинет, е изразено очекувањето на официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.







