Се повидлив судирот меѓу владата и претседателот, Пендаровски сам одбележува влез во ОН

Ескалира судирот меѓу владата и претседателот, Пендаровски сам го одбележува влезот на Македонија во Обединетите Нации.



Expres.mk вчера објави за анимозитетот меѓу шефот на државата и владата поради амбициите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде кандидат за претседател.

Анимозитет на релација Пендаровски – Влада, причината се претседателските амбиции на Спасовски

Денеска Пендаровски сам го слави денот на влезот во светската организација и јавно сигнализира дека меѓу него и владата има разлики дури и за прославата на денот кога Македонија влегла во ОН.

,,Денеска одбележуваме 30 години членство во ОН, чин што овозможи меѓународна афирмација на македонската држава во меѓународниот поредок на суверени и независни држави и нејзин придонес во сочувањето на мирот, безбедноста и одржливиот развој во светот”, објави Пендаровски денеска.

Владата овој ден го одбележа завчера кога во МНР на прославата не се појави Пендаровски а единствен владин претставник беше токму неговиот противкандидат за претседателската кандидатура министерот Спасовски.

Скандал на владината прослава ,,30 години Македонија во ОН”, бојкотиран единствениот Македонец на чело на светската организација

Иако и двајцата можни кандидати на СДСМ и ДУИ според анкетите имаат речиси никаква можност да победат на претседателите избори Спасовски со месеци работи на својата кандидатура за што ангажира сериозни ресурси.

На последната анкета на Маркет Вижн Пендаровски имаше мизерни 0,3 проценти поддршка но тој сепак смета дека треба да биде кандидат за претседател.

Во СДСМ неофицијално засега со поделени ставови, дел од членството е за Пендаровски но голем дел е за Спасовски.