Ескалација во ДУИ, ,,Огнените” пријавиле закани по живот од братот на Бекир Асани ,,Пајакот” (ВИДЕО)

Членови на раководството на таканаречената ,,Огнена група” во ДУИ Изет Меџити и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу во МВР пријавиле закани од членови на ДУИ кои се блиски на лидерот Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби.



Висар Ганиу и Изет Меџити пријавиле закани откако добиле порака со текст “ќе видите што ќе ви се случи, ќе ве најдат на улица” кои им ги упатил Муарем Асани (брат на Беќир Асани познат како ,,Пајакот” затоа што ја нападна физички полицајката кај ТЦ Мавровка).

Муарем Асани е заменик директор во Царинската Управа и кандидат за претседател на огранокот на ДУИ во Бутел.

Видеото на Алсат М на албански јазик на овој ЛИНК

https://fb.watch/llN19YsKVo/?mibextid=Nif5oz