ЕСЧП: Исклучените од парно греење не треба да плаќаат

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда во корист на граѓаните на кои им беше наметнато да плаќаат за топлинска енергија иако не ја користат, пренесува „Академик.



Според ЕСЧП, граѓаните како сопственици на станови се жалеле дека противправно им е наметната обврската да плаќаат за парното греење во колективните објекти за домување, со што им се нарушиле загарантираните права за мирно уживање во опственоста, на што всушност и упатува Европската конвенција за човековите права.

Во пресудата на ЕСЧП, се вели дека има повреда на членот 1 од Протоколот 1 на Европската конвенција за човековите права, во кој се пропишува дека секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот.