Ерменската тајна служба потврди дека македонски дипломат пренесол корумпиран политичар со приватен лет

Ерменски медиуми јавуваат дека српските агенции за спроведување на законот го уапсиле заменик -шефот на мисијата на Македонија во ОБСЕ, Миле Миленковски, на барање на Ерменија.



Во извештаите се цитираат ерменските агенции за спроведување на законот, според кои во 2018 година, тројца дипломати од Северна Македонија, предводени од Миленковски, евакуирале од Ерменија претставник на поранешната ееменска влада, обвинет за проневера на големи суми пари, објави АРМЕНПРЕС.

Миленковски беше уапсен на 27 август додека го минуваше граничниот пункт „Прешево“ за да влезе на територијата на Македонија. Ова го потврди и српското Министерство за надворешни работи.

Како и зошто македонските дипломати биле вклучени во дипломатскиот скандал и се мешале во внатрешните работи на Ерменија засега не открива никој во Скопје.

Според неофицијалните информации македонски дипломати со приватен лет од Ерменија тајно извлекле корумпиран политичар што украл милиони државни пари.

Дипломатот за време на апсењето во Србија со себе носел огромна сума пари кон Македонија.

Expres.mk ги објавува имињата на луѓето кои пред 3 години можеле да спречат вакво скандал.

Поголем број македонски политичари и функционери знаеле за скандалот но не реагирале за криминалот на македонските дипломати.

Дополнителни информации

Воскреснува аферата “Пасоши за мафија”, евакуираниот Ерменец патувал со македонски пасош

Кој е вториот функционер што не го спречил скандалот со уапсените македонски дипломати