Ердоган ѝ од Сараево пак ѝ се закани на Грција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ѝ се закани на Грција со воен одговор во случај да продолжат провокациите откако неодамна турски воени авиони се најдоа на мета на противвоздушно оружје додека летале на спорните острови во Егејското Море.



„Ако имаат острови и воени бази тие одредени претензии кои се нелегални и се закана за нас, ние еден ден ќе го изгубиме трпението. Кога ќе го изгубиме трпението, сè може да се случи“, кажа Ердоган на прес-конференција во Сараево.

Ердоган деновиве е на „балканска турнеја“ за време на кој ќе ги посети БиХ, Србија и Хрватска.

Турција на 30 август го прослави државниот празник Ден на победата, кој се одбележува во знак на сеќавање на турските сили кои ги протерале грчките воени сили во 1922 година. Анкара потсети дека Егејските острови биле предадени во посед на Грција во согласност со договорите од 1923 и 1947, но под услов да не се вооружуваат.