Турскиот претседател со загрижност ги следел сцените од демострациите на „Жолтите елеци„ во Франција и изјави дека остро се спротивставува на хаосот предизвикан од демонстрантите и на непропорционалната сила употребена против нив од страна полицијата.
Протестите, изјави Тајип Ердоган, покажуваат дека Европа потфрлила на планот на демократијата, човековите права и слободата.
Околу 700 лица беа уапсени за време на протестите во Франција вчера, а 135 се повредени.
Слични протести имаше и во Белгија и Холандија.
„Ѕидовите на безбедноста и благосостојбата што толку ги негуваа, не ги потресуваат мигрантите или муслиманите, туку нивните граѓани“, рече Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул.
Оние што го поттикнаа антимигрантски чувства и исламофобијата заради политичкиот популизам сега паѓаат во сопствените замки, рече турскиот претседател пренесува агенцијата Анадолија.





