ТУРСКИОТ претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини санкциите што европските земји ги воведоа кон Русија за енергетската криза во Европа.



Ова е теза идентична на онаа што со недели ја изнесува официјална Москва.

Тој додаде дека европските земји „го жнеат тоа што го посеале“ со воведување економски ограничувања на Русија, пренесува Франс прес.

„Односот на Европа кон господинот Путин и санкциите што ги воведе го доведоа Путин, намерно или не, до точка каде што рече: „Ако го направите ова, јас ќе го направам ова“, рече Ердоган.

„Тој користи се што има на располагање, вклучувајќи го, за жал, природниот гас“, рече тој.

Портпаролот на Путин вчера изјави дека „санкциите наметнати на нашата земја“ се виновни за прекинот на испораката на гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1.