Турскиот претседател изјави дека добил многу повици со пораката „затворете ги портите’“, откако пред два дена Турција ги отвори границите и им дозволи на илјадници бегалци од Сирија но и мигранти од други земји да се упатат кон Европа.
Во Турција има над 3,5 милиони бегалци само од Сирија а се очекува по новите насилства во сириската провинција Идлиб, да има и десетици илјади нови.
„Им реков – тоа е готово. Завршено е. Вратите сега се отворени. Сега вие ќе мора да го преземете својот дел од товарот“, рече тој.
„Откако ги отворивме границите, бројот на бегалците упатени кон Европа достигна стотици илјади. Овој број наскоро ќе биде во милиони“, се закани Ердоган.




