Ердоган се закани дека ќе купи руски воени авиони

Турскиот претседател изјави дека Турција ќе се сврти кон други земји како Русија, доколку САД не одобрат испорака на авиони Ф-16.



„САД не се единствените што продаваат воени авиони во светот. Велика Британија, Франција и Русија исто така ги продаваат“, им рече Ердоган на новинарите во петокот. „Можно е да ги добиеме од други извори, а тие други ни испраќаат сигнали“, додаде Ердоган.

Како што потсетува „Дифенс пост“, Турција беше исфрлена од програмата за замена на авиони на сојузникот на НАТО по купувањето на напреден руски ракетен систем за воздушна одбрана во 2019 година.

Сепак, во јуни, Џозеф Бајден му кажал на Реџеп Таип Ердоган дека ќе ја поддржи продажбата на помалку напредни Ф-16.

Но тоа не помина во Конгресот, чија поддршка за продажбата на оружје е од суштинско значење, поради загриженоста меѓу водечките американски законодавци за острата реторика на Турција кон традиционалниот непријател Грција.