Ердоган против членство на Шведска и Финска во Алијансата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека не е можно Турција, членката на НАТО, позитивно да гледа на плановите на Шведска и Финска за приклучување кон пактот, велејќи дека двете земји се „дом на многу терористички организации“.



Ердоган е загрижен што двете земји ги поддржуваат сепаратистичките курдски милитанти кои со децении се борат за автономија во југоисточниот дел на Турција.

Секое проширување на НАТО бара едногласно одобрение од членките на алијансата. Турција е членка на НАТО од 1952 година.