Турција прогласи 7-дневна национална жалост по катастрофалните земјотреси и 145 последователни потреси што ги опустошија југоисточните региони на земјата.
Ова го соопшти претседателот Реџеп Ердоган на својот Твитер профил, пренесува турскиот медиум Дејли Сабах.
Знамињата ќе бидат на половина копје дома и во нашите дипломатски претставништва низ светот до 12 февруари, се додава во соопштението.
Во моментов има најмалку 2.361 загинати и илјадници повредени во Турција и Сирија по земјотресот со јачина од 7,8 степени.
Турскиот претседател Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во десет региони погодени од земјотресот.
Потресите од земјотресот што во понеделникот ги потресе Турција и соседна Сирија беа почувствувани дури до Гренланд.






