„Турција од 1960-тите чека да се приклучи во ЕУ и сега почна дебатата за Украина. Ние ги сметаме напорите за пристап на Украина за позитивни. Но, зошто Турција не е членка?“
Ова прашање го постави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој синоќа ја повика ЕУ да ја покаже „истата чувствителност“ за апликацијата на Турција за пристапување во блокот што ја покажа за кандидатурата за членство на Украина.
Курти бара влез во НАСТО и ЕУ за Косово – стравува од Путин
„Ќе ја ставите ли Турција на вашата агенда кога некој и нас ќе нѐ нападне?“, рече тој, говорејќи на прес-конференција во Анкара.







