Ердоган не сака средба со Мицотакис за мигрантите

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави денеска дека одбил да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и ја обвини грчката полиција дека убила најмалку пет мигранти на турско-грчката граница.



Ердоган рече дека бугарскиот премиер Бојко Борисов, со кого се состана во понеделникот во Анкара, се обидел да го убеди да организира трилатерален самит во Софија неделава, но тој одби, обвинувајќи ја грчката влада дека „ги брка“ бегалците, пишува „Катимерини“.

Борисов и Ердоган се состанаа да разговараат за начините за справување со илјадници мигранти а Софија стравува од напливот на нејзините граници.